Во Скопје казнети четири возила што вршат јавен превоз поради неисправност

пред 2 години

Полициски службеници од СВР Скопје во координација со инспектори од град Скопје денеска (12.01.2022) од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани четири возила, од кои две биле со неисправни сопирачки, а едно со неисправен уред за управување. Тие веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top