Во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн

пред 3 години

Учениците од средните училишта во Тетово и во Гостивар ќе ја почнат учебната година со онлајн настава, истакна министерот за здравство, Венко Филипче во Тетово по средбата со градоначалничката Теута Арифи.

Министерот образложи дека одлуката утрово ја донела Комисијата за заразни болести, а се однесува на првите две недели од почетокот на учебната година по што ситуацијата ќе се следи и дополнително ќе се одлучува.

Една од главните причини за оваа одлука, како што образложи Филипче,  е ситуацијата со бониците, кои се преоптеретени. Рече дека бројот на ученици во средните училишта во овие два града е мошне висок и може да претставува дополнителен ризик фактор.

Share
Scroll to Top