Според информациите од Центарот за јавно здравје, во Струга е регистриран случај на заразено лице од новиот сој на коронавирус омикрон. Надлежните додаваат дека e заболено повозрасно лице, асимптоматски случај и дека е во изолација.
Ова е втор официјално потврден случај на омикрон во Македонија, откако минатата недела беше откриен уште кај едно лице кое допатува од Велика Британија.
Според надлежните новозаразениот се тестирал заради патување и во текот на тој скрининг било откриено дека лицето е инфицирано со омикрон.
Тој според последните информации не знаел од каде ја добил инфекцијата.
Инаку, според информациите од ресорното министерство, за 24 часа во Македонија се направени 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19.