Во Струмица 112 сообраќајни казни за еден ден, 24 од нив за брзо возење

пред 3 години

Полицијата во текот на вчерашниот ден (28 јануари) извршила засилени сообраќајни контроли на територијата на општина Струмица.

Како што информираат од МВР, притоа биле изречени вкупно 112 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 8 за нерегистрирани возила, 24 за возење со брзина над дозволената, 6 за технички неисправни возила и останати 61 санкција.

Од ресорното министерство посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top