Во Струмичко пронајдени шестмина Авганистанци

пред 2 години

На патот меѓу селата Раборци и Попчево, Струмичко, вчера во вечерните часови, автомобил „фолксваген туарег“, со велешки регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање од полициски службеници.

Набргу потоа, полицајците го пронашле возилото покрај патот и во него биле пронајдени 6 лица мигранти од Авганистан (2 мажи, 1 жена и 3 деца). Мигрантите биле пренесени во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Share
Scroll to Top