Вработените во Филхармонија утре на протест поради изборот на директор: „Нема да дозволиме  институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори“

Вработените во Филхармонија утре на протест поради изборот на директор: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори“

пред 1 година

Вработените во Македонската филхармонија, за утре најавуваат протести поради изборот на директор на институцијата.

Протестoт како што најавуваат е закажан од 11.30 часот пред Министерството за култура.

„Протестот е јавен апел до Министерството за култура да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела.

Во тек е изборот за директор, сакаме да укажеме дека доколку не се избере најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот ќе продолжиме со протести. Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори”, велат вработените во Филхармонија.

Текстот Вработените во Филхармонија утре на протест поради изборот на директор: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top