Врнежите од дожд и снег ги зголемија водостоите на водотеците, од кои најголеми зголемувања има во источниот и јужниот дел од земјата.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека излевања се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река. Високи водостои има кај Пчиња, Треска, Црна и Боротинска река.
Се препорачува внимателно движење покрај реките и суводолиците поради појава на свлечишта.