Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста во врска со воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
„Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот и за нас и за Северна Македониј и за Црна Гора и за Албанија и за БиХ“, изјави Вучиќ.
Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка и нема да го ограничи извозот.