(Видео) Арсовски: Секој ден имаме молби од граѓани за да кажеме какви проблеми имаат по болниците

пред 3 години

Здравството, сите клиники и болници низ државава се во катастрофална состојба, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Црниот биланс е 1.212 починати до вчера, односно 606 починати на еден милион жители, што не вбројува во земјите со највисока смртност“, истакна тој, додавајќи дека вина за ова може единствено да му се препише на министерот Венко Филипче кој, како што кажа, не овозможува услови и не менаџира добро со целата ситуација.

„Секојдневно имаме десетици очајни жалби и молби од граѓани јавно да кажуваме за третманот кон нив од страна на надлежните и директорите на болници, каде што не ги примаат на лекување пациентите со тешка клиничка слика, бидејќи нема простор повеќе. А просторот не можат да го обезбедат граѓаните, туку просторот и условите треба да ги обезбеди министерот Филипче. Но, нему баш му е гајле, поважна му е политиката и политичките препукувања“, изјави партискиот портпарол.

Share
Scroll to Top