Во текот на вчерашниот ден (13 ноември), сообраќајната полиција спровела зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од МВР, при тоа биле санкционирани 431 возач.
Од нив, 73 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место.
Од МВР нагласуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.