Габер: Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив

пред 2 години

Политиката на проширување е најдобрата алатка за демократско консолидирање, поттикнување на сложени реформи и зајакнување на слободите и основните права, меѓутоа нејзината трансформативна моќ се темели на условеноста и објективното вреднување на резултатите во процесот низ кои се одразуваат вредностите на Европската Унија, изјави денеска државната секретарка со Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер на Конференцијата посветена на Западниот Балкан и ЕУ во Вилнус, организирана од Комисијата за европски прашања во Парламентот на Литванија.

„Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки. Преку посветеноста на европската агенда и исполнувањето на условите од Брисел, инвестиравме енергија за европеизација на општеството, но и политички капитал. Меѓутоа ослабената перспектива за европска интеграција предизвикана со повторниот застој во процесот покажува дека неисполнетите ветувања на ЕУ имаат реперкусии врз стабилноста и просперитетот, нагласи Габер во обраќањето на панелот „Западен Балкан – статус кво и клучни предизвици“.

Таа нагласи дека ветото на Бугарија не го блокира само патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, туку и европските политики во регионот и ги поткопува кредибилитет на Унијата и довербата на јавноста.

Share
Scroll to Top