Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

пред 3 години

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели Африм Гаши, лидерот на Алтернатива за нивниот влез во Владата. Прашан дали ќе го бараат Министерството за здравство како ресор, тој кажа дека нема да се разговара за тоа на средбата со премиерот Зоран Заев туку само за концептот.

„Ние сме кажале дека тоа е интерес на сите граѓани, да нема брзи избори. Нормално за такво нешто нема гаранција, бидејќи секогаш можат да се соберат 61 пратеник и да одлучат да се распушти Собранието. Сакаме Влада која до 2024 година ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе направи напредок или да бидеме членка на ЕУ или да бидеме при крај“, кажа Гаши.

За тоа, дали Димитар Ковачевски е прифатливо име за премиер на државата, Гаши вели: „Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Тоа е работа на СДСМ и тие треба да одлучат за тоа“.

Share
Scroll to Top