135 санкции за брзо возење

пред 2 години

135 возачи биле санкционирани во текот на вчерашниот ден во акциските контроли од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top