Голем пожар во Струшко, силниот ветер го отежнува гаснењето

пред 3 години

Голем пожар бил пријавен попладнево околу 14 часот во шумата над струшки Елен Камен, над патот за Радожда.

Според информации од очевидци, огнот многу бргу се проширил поради силниот ветер, а активностите за гаснење и натаму траат.

Локални жители и граѓани кои го користат пазничниот викенд стравуваат дека може да бидат зафатени и куќи, бидејќи во областа има викенд населба.

За пожарот веќе се известени сите надлежни институции, но проблеми при гаснењето предизвикуваат силниот ветар и непристапниот терен.

Share
Scroll to Top