Пожар кај Вардариште остави беа струја делови од неколку скопски општини.
Жителите преку социјалните мрежи со остри реакции и повици да се стави крај на таквата состојба.
Пишуваат дека веќе два до три часа надлежните не можат да се справат со пожарот, кој како што велат веќе се проширува.
„На 35 степени зачадени ни ја исклучија струјата. Ако отвориш прозор ќе се угушиш од чад“, реагираат засегнатите граѓани.
Регионалниот центар за управување со кризи- Скопје, известува дека Противпожарната бригада, од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина, гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.
Моментално во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од општината Аеродром е без електрична енергија, велат од ЦУК.
Текстот Голем пожар кај Вардариште, жителите на делови од Ародром, Ново Лисиче и Гази Баба без струја е превземен од МАКФАКС.