Гостиварка презела фотографии од малолетничка и ги прикачила на својот Фејсбук профил

пред 3 години

Четириесет и седумгодишна жена од Гостивар без дозвола повеќепати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетно лице и ги прикачувала на својот личен профил.

Гостиварското обвинителство поведе постапка против гостиварката за злоупотреба на лични податоци.

„ Осомничената без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетната ќерка на оштетената и ги прикачувала на нејзиниот личен профил. На така преземените фотографии додавала недолични и лажни коментари, коишто предизвикале чувство на омаловажување кај оштетената и нејзината ќерка.

Share
Scroll to Top