Градежен работник починал по пад од објект во изградба

пред 3 години

Шеесет и двегодишен жител на с.Барешани, битолско, паднал од објект во изградба и починал. Несреќата се случила вчера на ул.„Крушевска Република“ во Битола, додека изведувал градежни работи.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.