Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност

пред 2 години

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички.

Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

„Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година“, посочуваат градските власти.

Share
Scroll to Top