Град Скопје: Проблемите на граѓаните нема да ги решат СДСМ со прес-конференции

пред 2 години

Четири години немаше позитивни проекти за Скопје од страна на поранешниот градоначалник. Последните месеци од неговиот мандат се започнаа проекти без план, и без конечна реализација. Не се почнува проект што не може да се заврши од почеток до крај и да не се предвидат сите фази, што не е случај со проектите што ги остави претходниот градоначалник, велат од Град Скопје, како реакција на обвинувањата на СДСМ.

„ Истиот тој градоначалник не ја предвиде енергетската криза во месец август и наместо да се занимава со сериозни проблеми приоритет му беше да потпише договор за угостителски услуги. Да беше добар градоначалник граѓаните сигурно ќе му дадеа повторно доверба.

За два месеца се направија работи што останале незавршени со години, за два месеца направен е план за комплетна реконструкција на 10 улици во Скопје што не се реконструирани со години. За овие два месеца се исчистија над 120 депонии во Скопје, се отвори комуникацијата со граѓаните преку канцеларијата за Отворен град, се спроведоа низа мерки за средување на состојбите во јавните претпријатија. Но затоа пак овие два месеца не се доволни да се соберат сите коруптивни зделки на старото раководство за што веќе започна официјална ревизија на работата“ се вели во реакцијата од градот.

Проблемите на граѓаните нема да ги решат СДСМ со прес-конференции на тема Град Скопје што ги има двапати на ден. Резултатите на терен покажуваат и ќе покажат дека се што се зборува е чиста манипулација и лага, додаваат од Град Скопје.

Share
Scroll to Top