Град Скопје: Советниците од СДСМ пласираат пропагандистички изјави

пред 2 години

Советникот во Советот на Град Скопје, Мартин Попов да ги научи обврските и надлежности на Градот, како советник кој е платен од буџетските средства, велат од Град Скопје како реакција на неговата прес-конференција на која обвини дека градоначалничката Данела Арсовска не презема никакви конкретни мерки за помош на скопјани во време на глобална енергетската криза.

На ова, од Град Скопје велат дека уште во 2018 година било побарано од Владата на Градскиот енергетски систем (ГЕС) да му биде доделен топлификацискиот систем.

„И покрај најавите на Владата, Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за решавање на овој спор. Член 151 став 1 од Законот за енергетика може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата, што во случајот е јасно дека истиот закон не е на сила“, објаснуваат градските власти.

Од таму порачуваат советникот Попов, најпрвин да се консултира со стручни лица од областа на правото, како и со неговиот правен тим во СДСМ пред да излегува во јавност и пласира, како што велат од Град Скопје, пропагандистички содржини подготвени од штабот на неговата партија.

Share
Scroll to Top