Граѓаните кои прва доза вакцина примиле во странство од утре ќе може да се пријават за втора доза во земјава

пред 3 години

Министерството за здравство информирa дека од утре (3 јули) заклучно со 10 јули ќе биде во функција веб-страница за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

„Преку регистрацијата на граѓаните на https://vakcinacija.mk/revaccination ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни“, објаснуваат од ресорното министерство.

Од таму нагласуваат дека најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можело досега да се планираат, бидејќи министерството не можело да знае со што ќе располага во моментот кога тие треба да се ревакцинираат.

„Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрација на сајтот, ќе направиме обид да се обезбедат доволни количини вакцини, по што ќе информираме прецизно во јавноста“, велат од Министерството за здравство.

Share
Scroll to Top