Грковска – Брунета: Италија е силен поддржувач на Северна Македонија

пред 2 години

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во Рим имаше продуктивна средба со италијанскиот министер за јавна администрација, Ренато Брунета, со кој договорија низа конкретни чекори за поддршка на реформите и унапредувањето на јавната администрација во Северна Македонија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во исклучително пријателска и топла атмосфера двајцата соговорници нагласија дека Република Северна Македонија и Италија имаат историја на соработка и меѓусебна поддршка и токму затоа, во интерес на двете држави, но и во интерес на Европската Унија е таа соработка да се продлабочи и меѓудругото да се конкретизира на прашања кои ќе обезбедат зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

За таа цел вицепремиерката Грковска и италијанскиот министер Брунета се договорија во најкус можен рок двете институции да формираат заедничка Работна група која подетално ќе ги дефинира натамошните чекори за заедничка соработка.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари на силната поддршка што Италија ѝ ја дава на Северна Македонија, но и на безрезервниот интерес што министерот Брунета го покажа за унапредување на состојбите во јавниот сектор, кои за нашата држава ќе значат многу.

„За нас е исклучително важно да ја продлабочиме соработката во делот на отчетноста на јавниот сектор, антикорупциските политики, како и дигиталната трансформација на општеството. Во овие сектори Италија има постигнато значајни успеси и токму затоа експертската поддршка од Италија за нас е многу важна“, оцени Грковска.

Министерот Брунета нагласи дека многу е важно, во што е можно покус рок заедничките тимови да подготват конкретен план, со однапред утврдена динамика за резултатите да стигнат што е можно побрзо.

Тој информираше дека италијанскиот Тренинг центар за јавна администрација во Касерта, кој досега беше наменет само за Италија и за земјите од Медитеранот, наскоро ќе биде отворен за земјите од Западен Балкан и предложи Република Северна Македонија да биде меѓу првите земји која ќе испрати на обука професионалци од јавната администрација.

Двајцата соговорници се договорија да ја разгледаат и можноста двете држави да ја продлабочат соработката и преку OSCE-MENA, во која се вклучени државите од Медитеранот, особено за програмите за јавната администрација.

На крајот на состанокот вицепремиерката Грковска и министерот Брунета, разговарајќи за макетата од автомобил од Формула 1 од марката Ферари, која зазема значајно место во неговиот кабинет, симболично покажувајќи ја заложбата на министерот секоја држава да има брза и ефикасна администрација, како Ферари.

Претходно вицепремиерката Грковска го посети Универзитетот „Луис Гуидо Карли“, каде се сретна со професорот Бернардо Матарела и Лоренцо Валери. На состанокот вицепремиерката Грковска разговараше за можноста за соработка во делот на унапредување на капацитетите во јавната администрација.

Вицепремиерката Грковска истакна дека експертизата и искуството што го има овој Универзитет во делот на јавната администрација, но и во делот на сајбер безбедноста може да бидат од големо значење за Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top