Сончево време со температури до 36 степени

пред 2 години

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

В среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време.

Share
Scroll to Top