Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, замина на дводневна работна посета на Рим, Италија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во рамки на посетата, Грковска ќе има работна средба со италијанскиот министер за јавна администрација Ренато Брунета.
Грковска ќе се сретне и со претседателот на италијанската Национална антикорупциска комисија (АНАК), Џузепе Бузиа, а ќе одржи и работен состанок со Диего Сабатино, експерт за јавни набавки во Државниот совет на Италијанската република.
Ќе го посети и Универзитетот Луис Гуидо Карли, а ќе има средба и со Роксана Албистеану, менаџер за јавна политика за Југоисточна Европа на компанијата Амазон Веб Сервиси.