Вработен во Општина Карпош со нож нападнал сопруг на негова колешка, велат од партијата ГРОМ. Од таму велат дека сторителот е другар на градоначалникот, Стефан Богоев, кој, како што велат, во моментов се одмара во Африка.
„Неработењето, јавашлукот, доведе до неодговорно и бахато однесување на админастрацијата во Oпштина Kрпош. Оттуѓеноста од граѓаните под водство на Стефан Богоев довееде до незаинтересираност и умисленост кај дел од општинската администрација дека тие се над сите и наместо да им служат на граѓаните тие уживаат во својата раскалашеност. Врв на таа неодговорност е вчерашниот љубовен четријаголник кои за среќа немаше трагичен епилог. Вербалната расрпавија меѓу вработена во Општина Карпош со сопругата на нејзиниот колега кулминираше со физичка пресметка меѓу сопругот на вработената во општината и нејзиниот колега. Пресметката меѓу општинскиот службеник и сопругот на неговата колешка заврши со повеќекратни убоди од нож во телото на несреќниот сопружник“, велат од ГРОМ.
Од партијата прашуваат од што се уморил Богоев па отишол да одмара во Африка.
„Од што се умори градоначалниче? Од непримање на странки? Од собирање арач? Од играње кантер страјк? Или пак од дружбите со твоите раскалашени пајташи на Златибор, Халкидики, Бали или Тајван? За жал градоначалникот Стефан Богоев е вистински пример на уморен градоначалник од неработрење и затоа на овие локални избори граѓаните на Карпош ќе го пратат во принудна пензија заради јавашлукот, неодговорноста, застојот, уназадувањето на општината, енормната корупција и рекетот кој го собира по фирмите заедно со неговите другари, како и во неповрат потрошените скоро 30 милиони евра за овие четири години“, велат од ГРОМ.