ГРОМ ги избра раководните органи на партијата

пред 3 години

Централниот Одбор на политичката партија ГРОМ на седница одржана оваа седмица ги избра раководните органи на партијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Актуелниот Генерален Секретар на партијата, Крсте Петревски повторно ја доби довербата од членовите на Централниот Одбор и е избран за старо-нов Генерален Секретар.

Екс-претседателот на Градската Организација на ГРОМ Скопје, Александар Трајановски е избран за Секретар за Меѓународна соработка.

За потпретседатели на партијата се избрани: Прим. Д-р. Добрила Андоновска, Биљана Петрушева и Проф. Д-р Александар Атанасовски

Беше избран и нов состав на Извршниот одбор на партијата кој сочинува 21 член. Избрани се повеќе нови личности од сите старосни структури и од повеќе сфери на стручност. Во извршниот одбор се внимаваше на родовата еднаквост и се избрани 10 жени или 48 отсто. Избрани се следниве членови:

Крсте Петревски – Дипломиран економист о
Добрила Андоновска – Прим. Д-р специјалист по Пластична и реконструктивна хирургија.
Билјана Петрушева – Дипломиран економист
Александар Атанасовски – Проф. Д-р редовен професор на Фолозовски факултет, Скопје
Александар Трајановски – Дипломиран правник
Ристо Христов – Доктор на економски науки
Зоран Најдановски – Машински Техничар
Горан Михајлов – Дипломиран правник советник за осигурување
Анто Трајаноски – 5-ти степен сообраќајно
Сашо Милковски – Дипломиран економист
Миле Спасовски – Дипломиран правник
Слободан Ристовски – Факултет за јавна администрација
Теа Јанакиевска – Студент на Филозовски факултет по психологија.
Христина Борисовска – Професор по математика и физика.
Гордана Тодоровска – Прим. Д-р специјалист по детска и превентивна стоматологија
Весна Поповска – Инженер агроном-полјоделство
Татјана Јанкуловска – Професор по одделенска настава
Оливер Ромевски – Магистар по меѓународни односи и човекови права.
Марта Куковска – Магистар по комуникологија во област односи со јавност.
Бети Тасевска – Дипломиран менаџер по царина и шпедиција
Магдалена Копчаровска Дедиќ – Дипломиран дефектолог олигофренолог
Се избра и Претседавач на Централниот Одбор на ГРОМ, Проф. Зоран Петрушевски од Куманово.

Како новитет се формира Совет на ГРОМ со него ќе претседава Проф Д-р Тодор Чепреганов и Проф. Д-р Ѓорѓи Чакарјаневски за потпреседател. Советот претставува советодавно тело за давање на мислења, ставови и предлози за прашања од стратегиско значење за работата и за развојот на Партијата и државата во целост. Составот на Советот го сочинуваат членови на ГРОМ и истакнати јавни личности од областа на науката, образованието, културата, спортот, бизнисот.

Share
Scroll to Top