Груби – Станила: Реализирани се историски достигнувања во Северна Македонија

пред 4 години

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Романија во Република Северна Македонија, Виорел
Станила.

Груби му се заблагодари на амбасадорот Станила за посветеноста за време на неговиот четиригодишен мандат во Република Северна Македонија и му честиташе за добрата соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Романската амбасада во земјата.

Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Станила разговараа и за важноста на одржувањето на добрососедските односи, кои се вредност за Република Северна Македонија, но и за регионот, и во овој поглед беше потврдено дека постои добра атмосфера во земјата за уште поголема посветеност во оваа насока и не попречување на нашиот пак кон Европската Унија.

Груби и Станила за време на состанокот се согласија дека Северна Македонија ја очекуваат уште поголеми реформи и преговорите со Европската Унија, каде Романија, како и секогаш, е подготвена да помогне во сите фази.

Груби му го потврди својот став на амбасадорот Станила дека патот на неселективна правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку целосна транспарентност и ветинг на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

На крајот на состанокот, првиот вицепремиер г.Артан Груби и амбасадорот на Романија, Виорел Станила разменија мислења и за најефикасните и неопходни начини за справување со пандемијата предизвикана од Кoвид-19 и разговараа и за актуелните политички настани во земјата и регионот.

Share
Scroll to Top