Принципот на самоопределување за јазик, идентитет и припадност не се определува со договори и трактати, туку со принципите на божествениот закон, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по повод одбележувањето на 22 ноември, денот на Битолскиот Конгрес и денот на албанската азбука.
Груби соопшти дека оваа година ја одбележуваме и 80-годишнината од смртта на големиот Ѓерѓ Фишта, претседателот на комисијата за изготвување на азбуката на Битолскиот Конгрес, на кого му ја посветуваат оваа годишнина од денот на Албанската азбука.
Тој додаде дека судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани. Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграција.
„Денес, на 22 ноември, на одбележувањето на денот на Албанската азбука, минатото не смее да ја држи иднината во заложништво. Методите и вредностите на 19 век не можат да се вратат во 21 век“, рече Груби.
На крајот од својот говор, Груби во име на Владата, сеќавајќи се и поклонувајќи се пред сите мажи и жени на нацијата кои со децении и векови се труделе за подобро утре, им го честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на Албанскиот јазик.