Гужва на „Табановце“, се чека по 45 минути за влез и излез од државата

пред 4 години

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Според информациите на АМСМ, на Граничниот премин  „Табановце“, кон Србија, се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

На патниот правец Гостивар-Стража, поточно на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено ТМВ сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.