Да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот, порачува Државната комисија за спречување на корупцијата

Да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот, порачува Државната комисија за спречување на корупцијата

пред 1 година

По повод судската одлука поврзана со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска, Државната комисија за спречување на корупцијата нагласува дека независното истражувачко новинарство, како и независното судство се столбови на демократските општества и основа за функционирање на правната држава и владеење на правото.

Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а судството како самостојна и независна власт да функционира согласно уставните начела. Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ, каде што се почитуваат европските вредности и принципи за демократија, транспарентност и одговорност.

Државната комисија за спречување на корупцијата го повикува Судскиот совет на Република Северна Македонија, во рамки на неговите законски надлежности, да го разгледа случајот.

Текстот Да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот, порачува Државната комисија за спречување на корупцијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top