Двајца повредени во сообраќајка во Прилеп

пред 4 години

Вчера околу 16:45 часот на ул. Орде Чопела во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.В (38) од Прилеп и „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.В.(67), сопатник во возилото „фиат брaво“, додека Д.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Share
Scroll to Top