Две возила се судрија кај Штип – едниот возач избегал, а другиот е тешко повреден

пред 3 години

Две возила вчера се судриле во близина на крстосница за селото Нов Караорман кон Штип.

Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале патничко моторно возило „рено“ без регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(50) од Штип.

По незгодата К.Д. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top