Движењето Беса: Речиси еден месец целата политичка сцена е во хаос а власта се држи на стаклени нозе

пред 3 години

Сведоци сме дека во овој период секој неуспех, корупција, несреќа и друга девијантна акција во нашето општество, актуелната власт се обидуваше да го прикрие наводно со добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Движењето Беса, преку своите конзистентни политики во овој период молчеше, не затоа што немавме за што да зборуваме, туку бевме убедени дека нема да има датум за преговори, им дозволивме на владините експоненти со помош на некои политичари да го претстават нивниот филм дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ, велат од таму.

Според движењето Беса недобивањето датум од страна на ЕУ уште еднаш докажува дека оваа власт е делегитимирана и дека политичкото дејствување на движењето БЕСА да не седи во власт со партии и експоненти кои криминалот и корупцијата сакат да ги покријаат со евроинтеграциите, заробувањето на државата и тенденциите за претворање во хибриден режим се доволен доказ, како што потенцираат, дека што побрзо земјата треба да оди на предвремени избори и легитимитетот да се врати кај народот и оттаму да изникне новиот политички легитимитет на избраното мнозинство од страна на граѓаните со што ќе го свртат евроинтегративниот курс на земјата, не само во декларативна форма, туку и на дело и со конкретни чекори.

„Убедени сме дека покрај ветото од страна на Бугарија, неодамнешните настани во државното собрание, формата на притисок врз пратениците и сите оние кои не мислат исто како владата се дополнителна причина ЕУ да ја изгуби вербата дека оваа влада може да биде достоен партнер за преговори. За жал, како што за време на режимот Груевски-ДУИ граѓаните беа поделени на патриоти и предавници, така и денес оваа власт се обидува да ги подели на про-еу и анти-еу, што и во тој режим, па и во овој режим служи само за покривање на криминалот, корупцијата, неуспехот и неспособноста на власта“, велат од Беса.

Движењето БЕСА уште еднаш ги потврдува политичките ставови, како што велат од таму дека Северна Македонија има итна потреба од реконфигурирање на политичката сцена со тоа што ќе се дозволи доаѓање на политички сили кои ќе бидат подготвени да работат во овие димензии: политичките пазарења да ги заменат со долгорочни политички стратегии, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата како и целосно обелоденување на неодамнешните случаи кои се идентификувани како несреќи, економско закрепнување со отстранување на бариерите за странските инвеститори кои бегаат од Северна Македонија бидејќи некој бара финанциски придобивки, надворешна политика заснована на целосно партнерство и постојан дијалог со сите страни кои сакаат да помогнат во интеграцијата на земјата во ЕУ.

Од Беса повторуваат дека единствената опција на Северна Македонија е интеграција во ЕУ. Таква интеграција, велат, може да се направи само со нова влада, со целосен легитимитет од народот, посветена на длабоки реформи и со врвен приоритет во борбата против криминалот и корупцијата.

Share
Scroll to Top