Деветмина ученици во три основни училишта во Карпош заразени со салмонела

Деветмина ученици во три основни училишта во Карпош заразени со салмонела

пред 10 месеци

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела.

Оваа инвофрмација ја потврдија и од Државниот санитарен инспекторат. Децата јаделе храна од фирмата која и досега ги снабдувала училиштата, а потоа се пожалиле на стомачни болки. Во Центарот за јавно здравје, вчера, биле стигнати седум пријави за заболување од заразната болест по што денеска се извршија вонредни инспекциски контроли во училиштата.

Во тек на денешниот ден ДСЗИ во соработка со преставници од ЈЗУ ИЈЗ, ЈЗУ ЦЈЗ и АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување, соопштија од Државниот санитарен инспекторат.

Сите училишта каде што има заразено ученици, набавуваат од Ванила фуд. Фирмата нема да испорачува следните неколку дена додека не пристигнат резултатите од анализите.

=

Текстот Деветмина ученици во три основни училишта во Карпош заразени со салмонела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top