Девет казни за возење без возачка во Сингелиќ

пред 2 години

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 21.00 до 23.00 часот, била спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на oпштина Гази Баба – Населба Сингелиќ, при што се санкционирани 29 возачи.

Од нив девет за возење без возачка дозвола, две возила со измината важност на регистрација.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, извести полицијата.

Истовремено апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top