По повод 20-годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили кај Карпалак, делегацијата на СДСМ во состав Марија Георгиевска, пратеничка, Александар Бајдевски, претседател на градска огранизација на СДСМ во Скопје и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.
На 8 август 2001 година животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.
Десетте резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна бил на пат кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во заседа и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.