Во недела прекинато водоснабдување во дел од Скопје

Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците

пред 2 години

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.

Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.

Текстот Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top