Дел од Центар утре без вода поради дефект

Дел од Центар утре без вода поради дефект

пред 58 минути

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради отстранување уличен водоводен дефект на улицата Ленинова бр. 56, на 4 мај 2026 година (понеделник) прекинато водоснабдување ќе имаат дел од жителите во Општина Центар.

Без вода ќе останат корисниците од улицата Ленинова, на потегот од улицата Никола Тримпаре до булеварот Партизански Одреди.

Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Текстот Дел од Центар утре без вода поради дефект е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top