„Коцкарски бизниси од милиони евра за Груби, милионски соларни панели за Ковачевски, а за народот илјадарче до две поткуп за избори“, велат ВМРО-ДПМНЕ

Демири: Казино-владата на Груби и аргат-министрите ги уценуваат граѓаните, 1.200 денари за учениците се милостина пред изборите

пред 1 година

„Идиотизмот на една одлука“, вака Ардијан Демири од Демократското движење (ДД) ја нарекува одлуката на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, за да се издвојат по 1.200 денари месечно за основците и по 1.800 денари за оние од средните училишта за период од шест месеци или до парламентарните избори на 8 мај.

Демири, кој е координатор на ДД во Струга, вели дека власта со оваа милостина се подготвува да го купи и уценува обичниот граѓанин.

„ Бидејки цело ова време колку што се на власт, 22 години, обичниот граѓанин го доведоа до работ на егзистенцијата, a сега со една идиотска административна мерка се обидуваат и да го купат и уценат со 1.800 денари месечно, што ќе ги земат децата во следните 6 месеци или со други зборови додека завршат парламентарните избори 2024 година, а потоа, како и секогаш – ‘раус’ во Германија“, вели Демири.

Додава дека идиотизмот на оваа одлука е исто така понижувачки бидејќи бара од родителите да се појават во училиштата каде што учат нивните деца за да може преку нивните директори потоа да имаат евидентирано кои се родителите што се пријавиле и колку месечни примања имаат за потоа пред изборите да ги уценуваат за изборни потреби.

Тој ги повикува сите родители да не бидат плен на предизборни уцени и омаловажувања од страна на казино-владата на Груби и неговите аргат-министри бидејќи како и да е овие пари се планира да се поделат по изборите кога ДУИ ќе биде во опозиција.

Текстот Демири: Казино-владата на Груби и аргат-министрите ги уценуваат граѓаните, 1.200 денари за учениците се милостина пред изборите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top