Демократскиот сојуз: Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува

Демократскиот сојуз: Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува

пред 2 месеци

Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот, велат од Демократскиот сојуз.

„Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.

Досега се откриени над 10 „кражби“ на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн.

Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации.

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал.

Во овој „бизнис“се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба“, велат од Демократскиот сојуз преку соопштение.

Текстот Демократскиот сојуз: Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top