Демократски сојуз: Полицискиот разговор со новинарката Делевска му припаѓа на времето на режимот

пред 2 години

Демократскиот сојуз го осудува повикувањето на полициски разговор поради напишан текст на новинарката Соња Делевска од порталот „Сакам да кажам“ и го повикува министерот за внатрешни работи да преземе мерки и да ги санкционира одговорните лица кои го одобриле и спровеле овој чин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Повикувањето новинари на полициски разговор поради напишан текст кој не претставува кривично дело кое се гони по службена должност, туку спаѓа во доменот на граѓанската одговорност за клевета и навреда, претставува грубо кршење на слободата на медиумите и обид за цензура.

Ваквите постапки на заплашување на новинарите и грубо мешање во уредувачката политика на медиумите му припаѓаат на едно минато време кога со Македонија владееше режим и треба да останат во минатото“ велат од партијата.

Оттаму ги повикуваат носителите на државни и јавни функции да покажат висок степен на толеранција кон медиумите и новинарите кои критички ја опсервираат нивната работа и да не преземаат чекори за наводна заштита на нивниот углед и интегритет кои ја задушуваат слободата на медиумите.

Share
Scroll to Top