149 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 казни за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење над дозволената брзина 43, шест санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Според МВР, биле изречени седум казни за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, девет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, две санкции за минување на црвено светло и 58 мерки за непрописно паркирани возила.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top