Десетина разбојници во Велешко запреле автомобил „бе-ем-ве“ и го украле

пред 3 години

Во велешката полиција синоќа околу 21 часoт бил пријавен насилен инцидент кој се случил во велешкото село Бузалково.

Според пријавата, извесен Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, при што им одзеле автомобил „бе-ем-ве 320“, во кое се превезувале оштетените.

За настанот е известен и јавен обвинител, а на местото на инцидентот увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top