Димитров: Интерпелацијата со која ми се заканија ги прави ВМРО-ДПМНЕ борци против македонските интереси

пред 3 години

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, оцени дека најавената интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ ја става опозициската партија во друштво на центрите кои го напаѓаат него и кои, како што вели, директно се борат против македонските интереси.

„Интерпелацијата со којашто ми се заканија денеска, во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а јас лично сум мета на напади од разни центри што директно се борат против македонските интереси, всушност само помага самите тие да се нацртаат во графата каде суштински припаѓаат – рамо до рамо токму со тие центри, како тотални политички и државни деструктивци, изгубени и прегазени од чекорот на времето и процесите што им се одвиваат пред нос, додека тие во своите антимакедонски лаборатории го создаваат она од што и самите се изградени – интриги, завери, лаги и конструкции“, вели Димитров во објава на „Фејсбук“.

Веројатно ќе беше разочарување само за членството и за симпатизерите нивото на кое е паднато Здружението што се…

Posted by Nikola Dimitrov on Понеделник, 14 декември 2020

Тој смета дека обидите за создавање внатрешен раскол во владата се многу повеќе над политичката прагма и битка на ВМРО-ДПМНЕ против политичките противници. Во ова историско премрежие, оценува вицепремиерот, таквите обиди претставуваат директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот.

„Најголемиот пораз за нив, сепак е вистината и фактот што во сите битки на македонската држава денес, предавниците никогаш не биле на оваа страна од приказната. Тоа ќе го суди и историјата, ама и блиската иднина. Таа тежина е залепена за нивните плеќи и со (само)залажувањето дека е на туѓите станува само поголема и поопасна. Нека си ја носат“, коментира Димитров.

Share
Scroll to Top