Димитров и новоименуваната романска амбасадорка разговараа за продлабочување на соработката

пред 4 години

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте.

„Успешната соработка со Романија, како земја поддржувач на нашите европски интеграции, ја бележиме во повеќе области и тоа главно преку ИПА инструментите,” посочил Димитров, додавајќи дека во претстојниот период кога приоритетите на Владата се насочени кон унапредување на европските реформи, оваа соработка има голем потенцијал да се прошири и продлабочи.

Од страна на новоименуваната амбасадорка Аксинте била реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите за членство со Унијата што е можно побрзо.

Share
Scroll to Top