Димитров-Пахор: Неуспехот на ЕУ во постигнување консензус за отпочнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации

пред 4 години

Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за отпочнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат, со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето се согласиле вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Претседателот Пахор го информирал вицепремиерот Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо-Бриони Самит.

По средбата со Пахор, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.

Share
Scroll to Top