Димитров-Петричек: Без оглед на одлуките на Советот, Северна Македонија продолжува по патот кон ЕУ

пред 3 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек.

„ Чешка практично го штити интегритетот на пристапниот процес во ЕУ. Без оглед на одлуките на Советот, Северна Македонија продолжува по патот на приближување кон ЕУ и во претстојниот период од големо значење би била зајакната билатерална соработка во однос на експертиза и техничка помош главно во областа на економско управување, социјална политика, земјоделие и искористување на европските фондови, вклучително и преку инструментите ТАИЕХ и Твининг за јакнење на институционалните капацитети“, истакна Димитров.

Министерот Петричек ја потврди посветеноста на Чешка на евроинтегративниот процес, потврдувајќи го нивниот став дека првата меѓувладина конференеција меѓу Северна Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побрзо.

На средбата се разговараше и за билатералната соработка и можностите за нејзино унапредување.

„ Донациите и поддршката од Чешка се од големо значење за Северна Македонија, особено во овој период кога се справуваме со последиците од пандемијата, а покрај тоа добредојдена е и партнерската поддршка во нашите заложби да ја донесеме ЕУ дома“, истакна Димитров.

„ Чешка е спремна да го понуди своето искуство и експертиза за прашања од доменот на регионалната соработка и добрососедски односи“ порача чешкиот МНР.

Share
Scroll to Top