Дискусија за интерпелацијата на Димитров: Опозицијата бара оставка, за пратениците од власта предлогот е лицемерен и неоснован

пред 3 години

Пратениците од опозицијата бараат вицепремеирот за евроинтеграции Никола Димитров да си поднесе оставка од фукнцијата, како што кажаа од собраниската говорница за манипуалацијата на јавноста за добивањето датум за преговри со ЕУ, за неуспесите за старт на преговорите, за потпишувањето на договорот со Бугарија кој според нив го оспорува македонскиот јазик и идентитет. Велат политичка одговорност мора да има и да се стави крај на штетните политики кои ги води Димитов.

„Кажавте ако во октомври нема датум за преговори, нема да имам лице, да ве погледнам но, вие наместо да дадете оставка, станавте вицепремиер за евоинтеграции. Ако имавте лице, немаше да ја прифатите функцијата. Но, вие сте научени да бидете на функција и само тоа ве интересира, фотелјата. Без срам и перде ги трошите народните пари само на шетање и сликање. Не одите на работа, за 6 месеци сте одржале само еден колегиум. Која е таа институција со која раководите За што служите таму за парада и трошење пари? Овие луѓе што седат овде пијат нафта, се лажете?“ рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

За пратениците од власта барањето за интерепелација е неосновано и лицемерно, затоа што според нив државата има значајни успеси на надоврешен план, особено со влезот во НАТО и откочување на процесот на евроинтеграциите кои според нив ВМРО-ДПМНЕ ги заглавило една деценција во ќорсокак.

„Каде е лицето и на ВМРО-ДПМНЕ, кое со години ја држаше изолирано државата?Каде е човекот кој и денес ја контролира партијата Никола Гриевски? Наспроти резултатите кои ги имаме денеска. Ќе наведам само неколку заслуги за надворешен план. Димитров на средба со Помпео, Димитров на средба со генералниот секретар на НАТО, Палмер на средба со Димитров и ред други. Мицкоски ги донира лустерите од Белата палата во Црква, не се лажете дека гревоите на партијата ќе ги исперете преку црквата. Ни господ не може да ви помогне за сторениот криминал “, рече пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Пратеникот од албанската опозиција Сурија Рушиди рече дека одговорност за неуспехот за евроинтеграциите треба одговрност треба да сноси и министерот за надворешни работи кој според нив ништо не направил за тргање на ветото од страна на Бугарија.

„ Ако се земе предвид, дека клучен проблем за застојот на евроинтеграците е бугарското вето на ваше место тука требаше да биде Бујар Османи, но заедничкото за двајцата е што вашиот шеф е ист. Сакам да бидам максимално коректен за тоа што е направено или не. Знаете дека консензус треба да најдеме за прашања од надворешната политика. За НАТО се вети и се направи, подржавме. Но за ЕУ немаме ништо, освен што видовме еден празнување во авионот, од фотографиите што ги споделивте во јавноста“, рече Рушиди.

За интерпелацијата на Димитров за збор се јавија над 60 пратеници. Според деловникот за интерпелација на министер се дискутира еден ден што значи дека може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да изјаснат дали се за или против вицепремиерот да ја напушти функцијата.

Share
Scroll to Top