Додека спиеле им влегол со сечиво долго половина метар и барал 75.000 денари

пред 3 години

Основното јавно обвинителство во Гевгелија донесе наредба за истрага против едно лице од село Прждево, општина Демир Капија, кое е осомничено за кривично дело – изнуда.

На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 сантиметри, кој се употребува за рачно сечење гранки.

Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се заканил со оружјето, барајќи од оштетениот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на козите во сопственост на оштетениот.

Со сериозна закана со употреба на опасно орудие, насилникот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го присили домаќинот да му ги даде парите.

На осомничениот определен му е притвор во траење од 30 дена.​​

Share
Scroll to Top