Доделени наградите за најдобрите спортисти и спортистки на Град Скопје во 2021 година

пред 2 години

Таеквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, на кои освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска.

Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа доделени и преостанатите награди за најуспешни спортистки, спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.

Традиционално и годинава Градот и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградија најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

На свеченоста се обрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која им додели и дел од признанијата на најдобрите спортисти за 2021 година.

Таа порача дека скопските спортисти во иднина ќе добиваат голема поддршка од Градот.

„Во оваа година која беше тешка за сите нас имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро го промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе не радувате уште многу години“, изјави Арсовска.

Покрај градоначалничката Арсовска, дел од наградите ги доделија и членовите на Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, Петар Милетиќ, Василка Китановиќ и Мунира Куч.

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел.

2. Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар.

3. Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион.

4. Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион.

5. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол.

6. Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол.

7. Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта.

8. Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички.

9. Филип Дерковски – Пливачки ватерполо клуб Орион.

10. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта.

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

1. Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол.

2. Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007.

3. Марија Спировска – Боречки клуб Вардар.

4. Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус.

5. Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион.

6. Калин Ивановски – Тениски клуб Југ.

7. Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион.

8. Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички.

9. Мила Младеновска – Карате клуб Работнички.

10. Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ.

Најуспешен тренер

Борче Костовски – Таеквондо клуб Бутел.

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје

Анте Гаџа – АД Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост

1.Андреј Стојановски – „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“.

2.Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон.

Категорија перспективен млад спортист – кадет

Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје.

Share
Scroll to Top